Wednesday, December 11, 2013

ФОТИНИЈА „PHOTINIA"

Фотинијата „Photinia“ е популарна зимзелена грмушка со светли зелени лисја, а додека се млади пуштаат црвени ливчиња. Најпознат е Црвениот Робин, кој често се сади како грмушка или во вид на украсно дрво.
Таа може да расте во повеќето почви, дури и глина, меѓутоа на добро изгниена компос или ѓубриво. Повеќето видови може да толерираат кисели или алкална услови, но „Ph.beauverdiana“ и „Ph.villosa“ не се снаоѓаат добро во варовита почва.
Фотиниите не бараат многу големо градинарско одгледување, но затоа во текот на пролетта и есента бара кастрење за да се задржи формата на растенијата. Доколку се сади за жива ограда, може да се кастри и до три пати во годината. Така се повеќе се згусува и ќе испушта црвени пупки и ливчиња.
Бројни хибриди и сорти се достапни денес, но сепак се користат неколку сорти за неверојатните светло црвени млади листови во пролет и лето. Најмногу се садат „Ph. fraseri“, „Red Robin“, "Ph. Kasini", „Photinia Redstart“
Некои сорти на Фотинијата се токсични и се должи на присуството на цијаногени гликозиди.Тие го блокираат клеточното дишење.

1 comment:

  1. Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како го добив мојот заем од г-дин Бенџамин кој ми помогна со заем од 400.000,00 евра да го подобрам мојот бизнис. Беше лесно и брзо кога аплицирав за заемот кога работите беа груби со мојот бизнис . Г-дин Бенџамин ми даде заем без одлагање. Еве ја е-поштата на г-дин Бенџамин/ 247officedept@gmail.com.

    ReplyDelete